All posts tagged: Различни и прекрасни

Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград

“Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград – книга-нопак!” е книга за едно многу посебно девојче од еден многу посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, суштества кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, бубачки, пајаци, црни мачиња, лилјаци… но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Но, тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград има уште еден град, наречен Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со овој град владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед.  Книгата има две корици, но всушност се чита одназад. И да, постои причина за тоа, освен што е необично, интересно и забавно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме. Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места.  Возраст: од 7 до …