All posts tagged: савана

Песната на жирафата

од Тома Ското Жирафата пее. Пее громогласно Во умот си потпевнува Од саваната песна На каква што се сеќава. Од танцот понесена Вратот го занишува Следејќи го ритамот  Со четирите копита.   Кога жирафата пее Во умот си потпевнува Бидејќи таа е нема! препев од француски: Калиопа Петрушевска Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.

Жирафа

Жирафите се цицачи што живеат во африканските савани, низ кои секогаш се движат во групи кои ги води еден мажјак-жирафа.  Тие, со нивните долги вратови, се највисоките копнени животни на светот, со висина од над 5 метри – што значи повисоки од тројца возрасни луѓе! Висината на жирафата, нејзиниот врат и одличниот вид ѝ помагаат оддалеку да ги забележи предаторите (грабливите животни), како лавовите и хиените.  Инаку, жирафите се хербивори, што значи дека се хранат само со растенија. Омилено јадење им се листовите и цветовите од дрвото акација. Со своите долги јазици жирафите успеваат да ги досегнат и највисоките листови на дрвјата.  Покрај тоа што се високи џинови, жирафите имаат и огромен апетит. Тие можат да изедат дури 45 килограми лисја и гранки во еден ден! Но, затоа не им треба многу вода, оти ја добиваат преку лисјата што ги јадат, па пијат вода само еднаш во неколку дена.  Интересен е фактот дека жирафите речиси и не испуштаат никакви звуци, освен во периодот на парење – кога мажјаците испуштаат звук сличен на кашлање. Мажјаците-жирафи се познати и …