All posts tagged: свиња

Еден ден на фармата

приказни за почетно читање Овие приказни можат да се читаат и како комбинација од текст со цртежи, или само како текст, зависно од возраста на читателите. Убав пролетен ден на фармата! Сонцето грее и ги милува цвеќињата.  Пчелите и пеперугите летаат од цвет на цвет. Животните се надвор. Ене ги патките во езерцето.  – Кре, кре – ги поздравуваат жабите кога ќе ги видат. Тука се и кокошката, петелот и малите пилиња.  Но, кој им дошол во посета? Тоа се една верверичка и едно зајаче. Кравата пасе трева, овцата лежи и се сонча, а свињата се лади во калта.  Кучето и мачката се бркаат.  – Полека, полека – вреска по нив мисирката.  А белата коза се смее на нејзин начин: – беее, беее, беее. Коњот и магарето весело трчаат по зелената ливада.   Навистина, прекрасен ден на фармата!  Designed by brgfx / Freepik

Прасе

Прасињата, свињите и крмаците (машките свињи) се питоми животни кои ги одгледува човекот. Погрешно се смета дека тие се валкани животни, напротив, многу се чисти, но имаат обичај да се валкаат во кал за да се оладат и за да се заштитат од инсекти.  Прасињата имаат слаб вид, но одлично сетило за мирис. Со нивните рилки можат да бараат храна и длабоко под земјата. Верувале или не, свињите се сметаат за најпаметни од сите питоми животни. Тие се попаметни дури и од кучињата!