All posts tagged: твор

Творчето Смрдливко

од Владимир Лукаш Слаткото творче се шетало в шума засмрдело борче та седнало да дума. „Црно-бело сум, да и смрдам како твор… Но добричко сум јас ако сум чуден створ“. И така, творчето думало в бујното шумско маало, бркало летулки перјани кога одеднаш – вонземјани. „Што си ти?“, го прашале. – „Творче Смрдливко“. Вонземјаните рекле: „Машала, уште едно чудо брливо“. И на нос ставиле штипки вонземјаните што личеле на рипки, го кренале творчето под мишка и летнале од шумата скришно. Сега, творчето низ ѕвезди плови и маглини со поглед лови. „Знаев дека некој ме сака“, си помислило и вселената ја избришала  неговата мака. Од истиот автор:

Твор (пор, смрдливец)

Творовите се малечки цицачи од фамилијата куни, со темнокафеаво или црно крзно и бела шара на грбот. Тие живеат на континентите Северна и Јужна Америка, во селски атари, предградија и во градовите.  Познати се по тоа што лачат секрет со многу непријатен мирис, со кој се штитат и се бранат од непријателот, а тоа обично се големи птици-грабливки. Мирисот што го испуштаат излегува како спреј од две жлезди сместени под опашката, а овој спреј може да достигне и до 3,7 метри во далечина! Творовите се ноќни животни, тие дење спијат во дувла под земјата, а ноќе излегуваат да бараат храна. Се хранат со овошје, растенија, инсекти, јајца од птици, мали глодачи и мали птици.