All posts tagged: џин

Гнездо од алги

од Владимир Лукаш Едно ајкулче си пливкало и како пиле си џивкало. Тоа сакало врапче да биде, семки да јаде, на гранка да спие. Мајка му, ајкула од пет метри од која се плашел дури и ветрот, гнездо му сплела од алги, да си џивка низ морските далги. Ајкулчето пораснало во ајкула бела која пловела низ планетата цела. Се дружела со галеби и корморани, си пеела песни со албатроси и пеликани. Секој може да биде тоа што сака, понекогаш лесно, понекогаш со мака. Сеедно дал’ си џуџе ил’ џин, со сите на светот треба да си фин. Илустрација: Љубиша Камењаров Од истиот автор:

Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино

од Николина Андова Шопова Се сретнале еднаш под ова небо сино најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино!   – Колку си мал! Џино на Џуџо му рекол. – И ти не си поарен! веднаш Џуџо го пресекол.   – Ајде да се мериме си рекоа тогаш сложно џин да е помал од џуџе  дали е тоа можно?    Зедоа еден метар  купија и голема вага леле, бројките збрлавеа  верувајте, не е лага!   И така до ден-денес расправа за нив се води поголемо џуџе кој е  помал џин дал’ ќе се роди? илустрација: Наталиа Лукомска