Што да читаме неделава? (2)
Чудна шума препорачува… Денеска во нашата читална препорачуваме неколку преубави книги за деца. 🙂
Чудна шума препорачува… Денеска во нашата читална препорачуваме неколку преубави книги за деца. 🙂
од Владимир Мартиновски Другарка ми Моника Од Дедо Мраз побара Бела хармоника (Па нека е и помала). Хармониката на Моника Бела секако ќе биде (Како снежна хармонија) Штом ќе ја добие зиме. А и да не биде баш целосно нова (со својата бела хармоника Моника) Ќе ја развесели детската соба. (А и да не биде баш целосно бела) Моника со својата хармоника Ќе ја стопли планетава цела. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Хористи Пролет, лето, есен, зима Лина свири на виолина
од Владимир Лукаш Една мала сонлива желка се разбуди на висока елка. Никој не знае како се качи и сега, да се симне се мачи. Чучулигите ѝ се смеат, шеговни песни ѝ пеат а таа, кутрата, солзи рони: „Ех, да имав крилесто пони!“ – си помислува и веднаш се премислува: „Не, туку хеликоптер мал создаден од кал! Или, супермен-чивава на облаци што јава…“ И додека размислува и сенешто си замислува, слушна тропнеж на врата, отвори и виде птици – цели јата панди-бамбусојатки, кифлички солени и слатки, лижавчиња од марципан, Венди и Петар Пан, ребуси и равенки тешки, ридови снежни и вулкани жешки па дури и пингвини-акробати од кои умот се мати. Кога, одеднаш – телефон: „Ало, овде соседот слон, повторно зборуваш в сон. Туку, ќе ти пречи ли ако посвирам на мојот тромбон?“ Желката, сонлива сета, сети како сонот ѝ летна. „Кутрата јас“ – се насмеа наглас, крена ролетни и се расони за час. Трудови на децата-учесници на Креативниот предизвик #1, организиран од авторот Владимир Лукаш, Чудна шума и Детскиот креативен центар во МКЦ (предавачи: …
од Наташа Костовска Како да направите сами: 1. Велигденско дрвце; 2. Пиленце од јајце; 3. Слатка шарена кокошка; 4. Коковче – држач за јајце погледнете во активностите на илустраторката Наташа Костовска.