Day: 23rd Април 2020

Ало

од Владимир Лукаш В шумата има еден телефон со прекрасен ѕвон и сон на животните е  бар еднаш да кажат „муу“ или „бее“ во слушалката, некогаш бела а сега – извалкана цела. Но ниту слонот, ниту мравчето мало не научија да кажат – ало. Сите в слушалката вреват, ечи шумата цела се слуша само зуеж, црцор, лаеж, па дур и срамежливиот еж стркалан в лисје  знае в слушалка да писне. Телефонот е изморен, му се спие, но, каде да се скрие? Зад секое дрво, грмушка ил тревка ѕирка љубопитна ѕверка што го мерка. Телефонот на лавот му се пожали и овој се сожали та рече:  „Секое животно, па и црвот што се влече, да му дозволи на кутриот телефон да заплови в сон. И тој мора да одмори, јасно?“ – нареди лавот гласно. Трудови на децата-учесници на Креативниот предизвик #2, организиран од авторот Владимир Лукаш, Чудна шума и Детскиот креативен центар во МКЦ (предавачи: Доротеј Нешовски и Билјана Црвенковска)

Болен Зајко

од Круме Беќар Мојот Зајко Билмез го болеше мевот докторите рекоа воспалено слепо црево.   Операција треба итно да се прави носете го в сала оти ќе заглави.   Дојде доктор Мира и во сала влезе не знам што правеше но бргу излезе.   Проблемот е решен, носете го в кревет инфузија давајте му од седум до девет.   Утре да се испише, дома да си оди третман со чорбичка и свежи лободи.   Сега в кревет лежи донесен е дома не знам дали спие  но излезе од кома.