Day: 24th Април 2020

Јамболијава се продава?

од Владимир Лукаш Една мала алпака си имаше летна мака: ѝ беше ептен жешко под крзното тешко. „Како јамболија е, од мене пот лие, не можам веќе, морам да го слечам!“ И тргна пеш од Чиле до границата со Еквадор кај познатиот бербер Циле – озборувачот-гњаватор. И дур крзно ѝ сечкаше и со ножички ѕвечкаше, таа сфати оти направи грешка и почнаа солзи да ѝ течат. „Крзното ми е судено оти на Андите е студено. Да се стрижам се дрзнав и сега ќе се мрзнам…“ Но, пред да го напушти дуќанот запуштен, виде под една фолија – црвена јамболија. „Јамболијава се продава?“ – праша таа милно. „На сметката ќе ја додадам“ – одговори Циле. И така, малата алпака си доби што си сака без голема мака. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и …

Алпака

Алпака е припитомено јужноамериканско животно од фамилијата на камилите. Најблиски роднини на алпаката се ламите (припитомени) и гванако и викуња (диви).  Овие животни се помали од ламите. Живеат во стада, на висорамнините на планините Анди, на надморска височина од 3.500-4.000 метри. Тие биле припитомени пред неколку илјади години од индијанските племиња кои живеат на Андите (јужно Перу, западна Боливија, Еквадор и северно Чиле).  Крзното на алпаката може да биде во различни бои: црно и кафеаво, сиво и жолтеникаво, па дури и бело. Од влакната на алпаката, која се стриже на сличен начин како волната на овцата, се изработуваат традиционалните јужноамерикански плетени и ткаени облеки: понча, ќебиња, капи, ракавици, шалови, џемпери…

Сината птичка

од Румена Бужаровска Сината птичка си леткала в шума, црцорела „Колку е животот убав! Со моќта на умот дојдов до среќа! Изговор друг да чујам јас нејќам!“   Под камен видела преплашен глушец. Му рекла: „Зошто си, момче, ти стуштен? Пушти си крилја, летај ко мене! учев јас како – ќе ти текне и тебе!“   Потем ја сретнала страшливата срна. Ѝ рекла: „Судбината не ти е црна! Доста се плашиш од ловец, од волк! Испеј им песна, скрши ти молк!“   Крај потокот брз ја нашла и Меца, изгладнета, слаба, со три мали деца.   „Што си ти Мецо морна и сува? јади, па легни – добра мисла те чува!“   Но не дочека одговор птичката пуста. Меца си зина – и ја пикна во уста.   Илустрација: Јана Јакимовска Од истите авторки: Себичната крава Грдиот крт Завеаното магаре Љубовниот бивол Питонот-удав