Време е за станување!
од Владимир Лукаш Сите мислат дека времето в шума чека, не минува, на зелено не поминува. Сите мислат дека покрај длабоката река, или плиткиот поток сите уживаат, пијат сок, слушаат птици и мезат пици, но, како и луѓето двоножни, така и животните четириножни, и оние в стадо и оние в јато работат за сметки да платат. Слонот има ресторан, дабарот скротува бран, птиците проверуваат жици, а овците се вешти со ножици. Кучињата улици мерат, гнуата автомобили перат, лисицата е наставничка, а мајмунот има бакалница. Но, работат кога ќе им текне, приходот кога ќе им секне, кога ќе се заморат од сонување – време е за станување! Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава?