Day: 3rd Јули 2020

Мала шумска караница

(намуртена песна) од Владимир Лукаш „Мушички, насекаде мушички! Од нив нема мир!“ – рече лисицата. „Остави ги, и тие се душички“ – ѝ одговори прасицата. „Но в манџа ми влегуваат, нит’ се собуваат, нит’ свлекуваат, туку така, сосе влечки и бермуди и ајде после не ги куди!“ – подвикна лисицата бесно и се напи млеко пресно. Прасицата молчеше и семки толчеше в дрвен аван кај лиска на таван. „Јас мразам носорози, ноеви и еднорози! – викна прасицата в бес и го разбуди рунтавиот пес. „Мачките се полоши, вистински олоши!“ – залаја песот Каспер и в миг заспа. „Потивко, ве молам, од вас глава ме боли!“ – се побуни бувот Ставре и затки в уши навре. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска …