Day: 6th Јули 2020

Наталија во земја Црешалија

од Ванчо Полазаревски Еднаш десно од лево блиску до бело едно градско село, во земјата Црешалија нашата Наталија со обетки од црешови ветки дојде во судир со своите две сосетки. Како првка, беше резеда црвка по име Врвка. А како вторка, чавката Зорка. – Доста китење, пред огледала седење, време е за цреши јадење – рече Врвка. И Зорка се вмеша оти ѝ се јадеше цреша. – И од мене критики, за тие козметики. Ама неочекувано (каков срам и за мене што ова го пишувам) се вмеша и џиновската цреша. – Да се разбереме, нема што да одбереме, јас сум цреша за украс, измислена, на сликава вешто да ме додадат, а не за црвчиња и чавки да ме јадат. Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ …