„Песни и звуци од чудната шума“ – настап на ВИС „Тркалезна маса“ во соработка со ДММ 2020
Во рамки на Скопско лето, на 17 јули во 20:30 часот, во Сули Ан во Скопје ќе се одржи настап на „ВИС Тркалезна маса”, вo соработка со фестивалот ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА 2020 и СОКОМ, насловен „Песни и звуци од чудната шума”. Настапуваат:Ана Голејшка Џикова – вокалЃоко Здравески – вокалВладимир Лукаш – гитара, мелодикаВаско Марковски – мандолина, мандолаДеан Шкартов – хармоника, сајзерДушан Кировски – гитараПеро Сарџоски – кавал, џембеВладимир Мартиновски – тамбури, удиралкиЃорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефектиКруме Стефановски – кахонТома Димовски – деф „ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа. Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за …