Day: 19th Јули 2020

Малата планинарка и шепотот на шумата

од Билјана С. Црвенковска Калина се разбуди возбудена тоа сончево, пролетно утро. Оти, тој ден беше навистина посебен и таа го чекаше цела недела! Зошто? Затоа што требаше да оди на планинарење. Но не какво било планинарење, туку долго планинарење дури до врвот на планината! „Мамо, мамо!“ викна радосно Калина откако се изми, се облече во спортска облека и појадуваше. „Ајде да одиме, ајде да одиме!“  Мајка ѝ се насмевна, го подготви ранчето во кое стави сокче, вода, сендвичиња и облека за пресоблекување, а потоа, со планинарски стапчиња, се упатија кон планината. На почетокот патеката беше полесна и неколкупати се сретнуваа со други планинари, оние што станале порано, па сега се враќаа назад. Калина на сите им велеше „здраво“ оти сите планинари имаа обичај да се поздравуваат, иако повеќето не се познаваа.  Но, колку повеќе одеа нагоре, патеката стануваше потешка. Сепак, Калина не се пожали. Во еден миг Калина и мајка ѝ се најдоа на една полјанка од која понатаму продолжуваа неколку патеки.  „Ќе одиме по оваа патека“, мајка ѝ ја одбра најтесната патека, која изгледаше како да завлегува најдлабоко во …