Silvija Shesto
// Писател
Силвија Шесто (1962) е хрватска писателка, уредничка и професионалец на полето на односи со јавност. Дипломирала компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, а потоа продолжила со постдипломски студии по драматургија. Пишувала сценарија за радио и телевизија, како и маркетинг-стратегии за различни кампањи и добила „Златно ѕвоно“ и „Кристално ѕвоно“ (1996) за текст и продукција на радиореклами. Во 2002 ја добила наградата „Ивана Брлиќ-Мажураниќ“ за нејзиниот роман „Дебела“, кој беше вклучен и на Почесната листа на IBBY. Таа е авторка на дузина книги за возрасни и пет поетски збирки. Нејзината најуспешна книга „Бум Томица“ ја добива наградата за најдобра приказна за деца на фестивалот „Мал Марулиќ“ во Сплит, а потоа и нејзината книга „Господин Мрак и трите бели шапкички“. Збирката „Тинунину“ ја добива наградата „Киклоп“, а потоа и наградата „Григор Витез“. Сликовницата „Фати ми го синото мече“ ја добива наградата „Григор Витез“ во 2018 година, а Силвија Шесто ја добива истата награда за придонес кон книжевноста за деца и млади во 2019 година.