Моја листа

Skip to content

Welcome to our store

-10% на прва нарачка ! Купон при плаќање: DOBREDOJDE-10

Бесплатна испорака за нарачки од 2000+ ден.

Refund policy

 

Согласно Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18), купувањето преку нашата интернет-страница наменета за продажба: www.cudnasuma.com се смета за продажба на далечина.

Потрошувачот кој извршил купување преку интернет-продавницата cudnasuma.com има право да се повлече од договорот на далечина во рок од 14 дена, без да наведе причина за својата одлука, освен во случаите во кои Законот за заштита на потрошувачите го исклучува правото на повлекување.

 

Рок за повлекување

Кај договор за продажба на стока, рокот од 14 дена започнува од денот кога потрошувачот или трето лице определено од него, различно од превозникот, физички ја примило стоката.

Кога со една нарачка се нарачани повеќе производи кои се испорачуваат одделно, рокот започнува од денот на приемот на последниот производ.

За да го запази рокот, доволно е потрошувачот да го испрати известувањето за повлекување пред истекот на рокот од 14 дена.

 

Како се остварува правото на повлекување

Потрошувачот може да нè извести за својата одлука за повлекување:

• со испраќање на образецот наведен подолу; или
• со која било друга јасна и недвосмислена изјава дека се повлекува од договорот.

Образецот/изјавата за повлекување од договорот може да ја преземете на слендиот линк:

Образец/изјава за повлeкување од договор

Известувањето/образецот може да се испрати на:

ЧУДНА ШУМА ДООЕЛ Скопје
ул. „Костурски херои“ бр. 19/1/11
1000 Скопје

E-mail: info@cudnasuma.com

Потрошувачот не е должен да наведе причина за повлекувањето.


Враќање на производот

По известувањето за повлекување, потрошувачот е должен да ја врати стоката без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена од денот кога го известил ЧУДНА ШУМА за повлекувањето.

Производот може да се врати на адресата:

ЧУДНА ШУМА
ул. „Костурски херои“ бр. 19/1/11
1000 Скопје

Непосредните трошоци за враќање на стоката ги сноси потрошувачот, освен ако ЧУДНА ШУМА изречно се согласила да ги преземе тие трошоци.

Потрошувачот одговара само за намалената вредност на производот која е последица на ракување со производот над она што е потребно за утврдување на неговата природа, карактеристики и функционирање.


Враќање на уплатените средства

Во случај на важечко повлекување од договорот, ЧУДНА ШУМА ќе ги врати примените плаќања, вклучувајќи ги и трошоците за стандардна испорака кога тоа е применливо, без неоправдано одлагање и најдоцна во рок од 14 дена од денот кога е известена за одлуката за повлекување.

Повратот се врши со истото средство за плаќање што го користел потрошувачот при првичната трансакција, освен ако со потрошувачот изречно не е договорено поинаку.

Доколку потрошувачот избрал начин на испорака кој е поскап од најевтината стандардна испорака што ја нуди ЧУДНА ШУМА, дополнителната разлика во трошоците за испорака не се враќа.

ЧУДНА ШУМА може да го задржи враќањето на средствата сè додека не ја добие стоката назад или додека потрошувачот не достави доказ дека ја испратил стоката назад, во зависност од тоа што ќе се случи прво.


Кога правото на повлекување не се применува

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, правото на повлекување не се применува во определени случаи, меѓу кои, кога е релевантно за производите и услугите на ЧУДНА ШУМА:

• производи изработени според спецификација на потрошувачот или очигледно приспособени на неговите индивидуални потреби;

• услуги кои се целосно извршени, доколку извршувањето започнало со претходна изрична согласност на потрошувачот и со негово прифаќање дека по целосното извршување го губи правото на повлекување;

• дигитална содржина која не се испорачува на материјален/траен носач, кога извршувањето започнало со претходна изрична согласност на потрошувачот и со негово изрично прифаќање дека со започнувањето на извршувањето го губи правото на повлекување, согласно законските услови;

• други случаи во кои Законот за заштита на потрошувачите изречно го исклучува правото на повлекување.

Ова значи, на пример, дека Fine Art принт изработен по индивидуално избрана фотографија, формат, хартија или други спецификации на купувачот може да спаѓа во исклучокот за производ изработен според спецификација на потрошувачот.

Правото на повлекување не влијае врз законските права на потрошувачот кога производот е неисправен, оштетен, несообразен со договорот или е испорачан погрешен производ.

 

Со почит,

ЧУДНА ШУМА ДООЕЛ СКОПЈЕ