Моја листа

Skip to content

Welcome to our store

-10% на прва нарачка ! Купон при плаќање: DOBREDOJDE-10

Бесплатна испорака за нарачки од 2000+ ден.

Terms of service


Врз основа на одредбите од член 7 од Законот за електронска трговија (Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/07, 17/11, 104/15 и 192/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) и член 86 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18), Друштвото за издавачка дејност ЧУДНА ШУМА ДООЕЛ Скопје ги:

ИЗВЕСТУВА

своите ценети потрошувачи кои купуваат производи преку веб-страницата:

www.cudnasuma.com

за следниве:


Услови за користење и продажба


- продажбата на производи преку веб-страницата www.cudnasuma.com се извршува во рамките на регистрираната дејност на компанијата Друштвото за издавачка дејност ЧУДНА ШУМА ДООЕЛ Скопје, а електронската адреса за комуникација е:

info@cudnasuma.com

- основните карактеристики на производите можат да се најдат на веб-страницата: www.cudnasuma.com;

- согласно Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18), купувањето преку нашата интернет-страница наменета за продажба: www.cudnasuma.com се смета за продажба на далечина.

- производите што се продаваат преку веб-страницата: www.cudnasuma.com, ги поседуваат својствата потребни за редовно користење на тој вид производи во согласност со нивната намена дефинирана во Декларацијата;

- продажната цена на производите е назначена на секој артикл;

- сите цени се изразени со вклучен ДДВ;

- услугата за испорака на производи е бесплатна за нарачки од најмалку 2.000,00 денари.

- купените производи ги испорачуваме во временски интервал од 2-5 дена по пат на курирска служба, на начин како што е дефинирано во Услови за испорака;

– можноста за купување производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите што се објавени на веб-страницата: www.cudnasuma.com;

- потрошувачот може да ги плати производите што ги купува преку веб-страницата www.cudnasuma.com со готовина во моментот на испорака, како и со наведените платежни картички во моментот на купувањето на веб-страницата;

- потрошувачот при креирање нарачка со притискање на копчето “Комплетирај нарачка (со обврска за плаќање)презема обврска за плаќање на нарачаните производи;

- веб-страницата www.cudnasuma.com е должна да ги испорача производите што се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или со замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи;

- доколку во случај на прием на производите, потрошувачот утврди дека сака да ги замени за други артикли, што можат да бидат од повисока, пониска или иста ценовна категорија од претходно нарачаните производи, или да се откаже од направената нарачка и обврската за плаќање, потрошувачот може да го стори тоа на начин како што е дефинирано на оваа страница или на страницата Право на повлекување од договор за продажба.

- за производите што се нарачани преку веб-продавницата, потрошувачот има право да поднесе рекламација за веќе користениот производ, на начин како што е дефинирано подолу во делот „Ракламација“ за производите купени преку веб-продавницата.

Начини на плаќање

Производите што сакате да ги нарачате преку интернет продавницата можете да ги платите на повеќе начини:

- со готовина во моментот на испораката,

- со платежни картички во текот на процесот на купување на сајтот,

- со уплатница во пошта или банка (за нарачки чие плаќање се врши со уплата во банка или пошта, рокот за уплата е 3 работни дена. Производот ќе ви го пратиме по евидентираната уплата. Податоци за уплатница: Чудна Шума дооел Скопје, Комерцијална банка / сметка: 300-0000048481-93).

Плаќање при испорака

При преземањето на пратката што претходно сте ја нарачале преку нашата веб-страница, плаќањето на нарачката се врши исклучиво во готовина во денарска валута на курирот на нашата партнерска курирска служба што ви ја носи пратката.

Плаќање со картички

Својата нарачка можете да ја платите користејќи Visa, Visa Electron, MasterCard или Maestro платежна картичка. Картичката мора да биде одобрена од страна на банката издавач за онлајн (интернет) плаќање. При онлајн нарачувања, со избирање на соодветен начин на плаќање ќе бидете пренасочени на страницата на Комерцијална Банка АД Скопје / Casys која е заштитена и безбедна за ваков начин на плаќање. Во ниту еден момент податоците за вашата платежна картичка не се достапни на нашиот систем.

На оваа страница е потребно да ги внесете следниве податоци:

- име и презиме наведени на картичката,

- број на картичката,

- датум на истек,

- CVC2/CVV2 код, кои можете да ги прочитате на задната страна од вашата картичка.

При внесување на податоците за платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протокол и PKI систем, како моментално најсовремена криптографска технологија.

Сигурноста на податоците при купување, го гарантира процесорот на платежни картички, па така комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на банката.

Во ниту еден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.

Внесувањето и проверката на податоците исклучиво се врши помеѓу корисникот на картичка и банката, а интернет трговецот нема увид во податоците што се разменуваат.

Плаќање не е можно во странска валута, туку исклучиво во валута МКД. Плаќање е можно со платежни картички на домашни и странски банки.

Купувачот кој ја користи услугата онлајн плаќање со картички преку мора да ги исполнува следниве услови:

- Испорака на производите е можна само на територија на Република Северна Македонија на адресата наведена во нарачката.

- Само сопственикот на платежната картичка може да изврши плаќање.

- сообразноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува според својствата и намената на производите, како што е дефинирано во соодветната Декларација.


Рекламација на производ


Доколку не сте задоволни од производот купен во нашата интернет продавница, вашата рекламација ќе ја решиме во најкраток можен рок. Ако воочите дека производот што сте го купиле е неисправен или не сте задоволни од него, ве молиме контактирајте нè на следниот начин:


Пратете ни информации со бројот на нарачката или вашето корисничко име и описот на рекламацијата преку електронска пошта (e-mail) на info@cudnasuma.com или на телефонскиот број +389 71 214 769  или преку социјалните мрежи.

Врз основа на вашиот опис на рекламацијата, ќе ви одговориме со информации за тоа:
- дали производот може да се замени со нов,
- дали за производот можат да се вратат парите,
- дали може да се најде некое друго решение на проблемот.


Во случаите кога производот може да се замени со нов и кога за производот можат да се вратат парите, на вашата адреса ќе пратиме курирска служба, која ќе го преземе рекламираниот производ и ќе го врати во нашиот магацин. Кога производот ќе се врати назад, ќе ви пратиме известување за враќање на парите или за праќање на заменски производ. Повратот на парите или замената за нов производ ќе се изврши во рок од 15 дена. Во спротивно, контактирајте нè по телефон или електронска пошта.

Рекламации за оштетувања при транспорт


Многу е важно сите оштетувања при транспорт, видливи на пакувањето на производот, веднаш да ги пријавете на курирот кој ви ја испорачал робата. Секое оштетување при транспорт купувачот е должен да го пријави во рок од 24 часа од приемот на производите.


Доколку воочите такво оштетување, немојте да потпишете прием на пратката или замолете го курирот да почека додека да проверите дали оштетувањето на пакувањето предизвикало и оштетување на самиот производ или губење на делови. Доколку производот не е оштетен, и сите делови се на број, потпишете прием на пратката.

Рекламации на податоци или погрешен вид производ


Доколку сте ја примиле пратката и по отворањето на кутијата сте воочиле дека испорачаните производи не одговараат на нарачаните или податоците на фактурата не се соодветни, ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од моментот на приемот на пратката да се јавите на телефонскиот број +389 71 214 769 или да пратите електронска порака (e-mail) со своите податоци (име, презиме, телефон) на info@cudnasuma.com и да опишете каков проблем имате.


Или преземете го рекламациониот лист од линкот на крајот на овој текст, пополнете го и со производите пратете го на нашата адреса.


Во најкраток можен рок, ќе му одговориме на потрошувачот на поднесената рекламација по електронски пат (e-mail) така што ќе го потврдиме приемот на рекламацијата, односно ќе го соопштиме бројот под кој е заведена вашата рекламација во евиденцијата на примени рекламации и ќе ве известиме за понатамошно постапување.


Рокот за одговор на рекламацијата е 8 дена, а за решавање на рекламацијата е 15 дена од моментот на пријава на истата.


Замена на производ


Производот може да се замени со друг во законскиот рок, под услов да не е оштетен и користен, а трошоците за враќање ги презема купувачот. Купувачот може и не мора да ги наведе причините за замена.

Замената мора да се изврши во законскиот рок од 15 дена од денот на приемот на пратката.

Во случај на отстапување од наведената спецификација или дефект, се обврзуваме да ви го замениме производот со исправен, а сите трошоци ги презема продавницата www.cudnasuma.com. Гаранцијата не важи во случај на дефект настанат како последица на неправилна употреба.

Во случај на замена на производ за друг, продавачот е должен да ја изврши замената доколку тој производ го има во своите резерви. Доколку купениот производ за кој се бара замена го нема во резервите, продавачот е должен да го замени производот со друг по желба на купувачот, со евентуална доплата или враќање на разликата во цената. Во случај да не постои можност за замена, продавачот е должен да му ги врати парите на купувачот, а трошоците за враќање ги презема купувачот.

За прифатените рекламации, продавачот www.cudnasuma.com ги презема сите трошоци за транспорт.


Поврат на средства


Контактирајте нè со повик на телефонскиот број +389 71 214 769 или пратете ни електронска порака (e-mail) на адресата info@cudnasuma.com со информации за бројот на вашата сметка/испратница, вашиот ЕМБГ (по избор), бројот на денарската сметка и назив на банка во која ја имате наведената сметка.

Кога ќе ги пратите потребните податоци, ќе биде креирана документација што ќе ви биде проследена со процедурата за поврат на средства на електронска адреса што ја имате оставено при креирање на нарачката.

Поврат на средства се врши исклучиво на горенаведениот начин, со уплата на дeнарската сметка и нема можност да се праќаат пари по курир во готово.

Во случај на враќање на производ или поврат на средства на купувачот, кој претходно извршил плаќање со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причината за враќање, www.cudnasuma.com има обврска да го изврши повратот по пат на VISA, MC и Maestro метод на плаќање. Тоа значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Нарачаниот артикл, без претходен контакт и договор со операторите во онлајн продавницата, како што е наведено погоре, не можете да го пратите на адресите наведени на сметката-испратницата.

Секој таков пакет ќе му биде вратен на испраќачот на трошок на испраќачот.


Со почит,

ЧУДНА ШУМА ДООЕЛ СКОПЈЕ