од Румена Бужаровска

На дрво се качи себичната крава за цреши да јаде. Без ништо да дава. Помина зајко во шумската сенка кога в око го удри од црешите семка. О, како го фрасна! Ко фати да пече! Но се прибра тој брзо и мирно ѝ рече: „Што правите качена таму о, мадам?“ „Си седам јас сама и цреши си јадам.“ „Ама цреша ова не е. Ова е бука.“ „Си носам во канче” му рече и плукна.
Илустрација: Јана Јакимовска