од Румена Бужаровска

Се пожалил дома малиот крт: „Мамо, ми велат дека сум грд!“ „Како ти рекле? Ти ли си грд? Па од тебе нема поубав крт! Крзното твое со каллива боја неспоредливо е со најскапа чоја. А твоите нозе – буцки и кратки! Во светот под земја нема послатки. А за ставата твоја! Вратот го немаш. Знаеш ли колку е тоа на цена? А носот твој долг! Па тоа е рилка! Вреди да стои на уметничка слика! Да не ги заборавам острите канџи – прв си во копање црви за манџи! Земи огледало, види се, ете!“ Ама џабе му било. Знаете – слеп е.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки: