од Марта Чупевска

Уши кренал Сурла свил Тежок чекор Поглед мил Омилен е овој див Слонот голем, сив. Ноќта паѓа Сурла писка Дете спие, Јорган стиска. Слон доаѓа в сон. Каде одат? Што ли в сонот прават? Само тие знаат. Летаат ли ил се смеат, Може само песни пеат. Над креветот тој стои Со мене овци брои Џинот од еден тон - Другарот мој СЛОН!
Илустрација: Бојан Ивановиќ
Од истата авторка: