од Владимир Лукаш

Си зборувале две мачки вооружени со чатали и пачки, колку преданија знаат за влакнестите чуда што лаат. „Знам дека има боксери, питбули, чивави и кокери, доги, шарпеи и пекинезери, хаски, пудли и малтезери. Но сите имаат ист предок – еден сив волк редок. Тој не бркал мачки, ниту врапци ниту страчки туку пред пештера си стоел и кромањонски залчиња броел. Еден ден се припитомил, од дивтар станал пес мил и набргу се скачкал со пештерската мачка... Оттогаш нашето ривалство трае, до кога – тоа никој не го знае“ – рекла едната мачка и испукала опасна пачка кон едно кутре смотано в двор што им се мотало.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: