од Владимир Лукаш
Грозомор и Грозоморка се вљубени створ и створка. Тој има бели заби големи за грицкање семки солени, а таа на него мирно стои и милно чекори му брои: „Еден, два, осум, петнаесет, дваесет, осумдесет, деведесет, триста, илјада, милион, билион, трилион, катаљон“! И така со години и години, низ ливади и пустински дини, низ планини, глечери и савани, низ доцни лета и зими рани, си патуваат тие вљубени и сами.
Илустрација: Лукаш
Од истиот автор: