од Ванчо Полазаревски

Во шума лази, не стои, семафор во разни бои. Наоколу болскоти зелено... Тој, иста боја – проверено! Зад него, растура боја лила, и тој лила, му била многу мила. Цвет, сиот жолта сеанса, овој, бргу-бргу – иста нијанса. Чуден некој бонтон, за секој реон – нов креон, шарениот лазач, шарениот лажач, сонливиот камелеон. А еве што изјави он: „Што да правам? Ми се може, вечно ново руво ставам. Секоја боја ми е како...моја?“
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: