Новости
Напиши коментар

„Песни и звуци од чудната шума“ – настап на ВИС „Тркалезна маса“ во соработка со ДММ 2020

Во рамки на Скопско лето, на 17 јули во 20:30 часот, во Сули Ан во Скопје ќе се одржи настап на „ВИС Тркалезна маса”, вo соработка со фестивалот ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА 2020 и СОКОМ, насловен „Песни и звуци од чудната шума”.

Настапуваат:
Ана Голејшка Џикова – вокал
Ѓоко Здравески – вокал
Владимир Лукаш – гитара, мелодика
Васко Марковски – мандолина, мандола
Деан Шкартов – хармоника, сајзер
Душан Кировски – гитара
Перо Сарџоски – кавал, џембе
Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки
Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти
Круме Стефановски – кахон
Тома Димовски – деф

„ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа.

Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде старата скопска чаршија, преку музички пејзажи публиката ќе се воведе во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието „Чудна шума”.

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.

ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
– носење заштитни маски
– мерење телесна температура
– одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
– дезинфекција
– влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s