од Исток Ј. Улчар

Вселената е бескрајна – тоа ти го знаеш. Ако пропловиш низ неа, нема да се каеш. Таа е составена од чисто црн мрак и – на секоја ѕвезда – нејзиниот зрак. Имало натпревар меѓу Америка и Русија – за лет во вселената тие развиле дискусија. Планетите ги има премногу на број. Венера, Марс и Уран се само мал рој. Покрај нив се ѕвездите – сребрени и мали. Кога нив ги гледам, сонот ме гали. Огромни и огнени метеори сонам и во уште подлабоки сништа тонам.
Илустрација: Катерина Николовска