
ЗЕМЈАТА НА ЗАБОРАВЕНИТЕ СКАЗНИ – Билјана С. Црвенковска
цена: 600 ден.
Онлајн нарачки:
„Земјата на заборавените сказни“ е хибрид помеѓу драмски текст и (графички) роман, помеѓу бајка и модерна фантастична приказна. Помалку потсетува на „Хрониките на Нарнија“, „Алиса во Земјата а чудата“ или, пак, „Волшебникот од ОЗ“, со една голема разлика – што се случува тука, во Македонија, во селото од каде што потекнуваат многу волшебни приказни – Бабино.
Што се случува откако Илина, Мартина и Мирон ќе отидат кај баба Јагода во Бабино, каде што нема интернет ниту пак мобилни телефони? Како тие ќе отпатуваат во Земјата на заборавените сказни и каква врска со сето тоа има Баба Јага? И како во оваа приказна се најдоа и самовилата Мирнанеседи и змејот Русе и Супер Марко и… Ех… нема потреба од повеќе прашања! Сето тоа ќе го откриете во оваа книга.
„Нит е јаве, нит е сон, меѓу нив има патишта разни, во Земјата на заборавените сказни!“
Возраст: 8+
Билјана С. Црвенковска – „Земјата на заборавените сказни“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Илустрации: Оливер Коларевски
По оригинална идеја на Симон Трпчески и Билјана С. Црвенковска
Категорија/жанр: драмски текст/ (графички) роман
Едиција: Магична шума
Формат: Б5
Повез: мек
Број на страници: 120
ИСБН: 978-608-4938-56-9
Година на издавање: 2023

Напишете коментар