Момчето од зборови – Девојчето од ноти

МОМЧЕТО ОД ЗБОРОВИ / ДЕВОЈЧЕТО ОД НОТИ – Катерина Николовска

цена: 700 ден.


Онлајн нарачки:


„Момчето од зборови“ / „Девојчето од ноти“ е прекрасна сликовница со две приказни (и две корици) – текстот и илустрациите се на Катерина Николовска, која како докажана илустраторка сега првпат се јавува со свое целосно авторско дело. „Момчето од зборови“ / „Девојчето од ноти“ се две приказни кои се занимаваат со темите на самодовербата, врсничкото насилство, прифаќањето на различностите и пријателството – две нежни, но истовремено и силни приказни за едно момче и за едно девојче кои во средината се соединуваат во ист крај.


Возраст: 4+


Награди и признанија:

– Прво место за најкреативно издание меѓу два саема на книга, признание кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (Саем на книга 2024)

– Второ место за најдобра книга за деца меѓу два саема на книга, признание кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (Саем на книга 2024)


Катерина Николовска – „Момчето од зборови“ / „Девојчето од ноти“

Издавач: ДИД Чудна шума

Импринт: Чудна шума јуниор

Илустрации: Катерина Николовска

Категорија/жанр: сликовница

Едиција: Различни и прекрасни

Формат: 203х254 мм

Повез: тврд

Број на страници: 56

ИСБН: 978-608-5012-09-1

Година на издавање: 2023

Напишете коментар