
ДЕНОТ ПРЕД ДА СЕ СТЕМНИ – Кристина Краличин
цена: 450 ден.
Романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа.
Главниот лик на романот – Роберт Хил заминува да живее и работи во друга земја надвор од своето родно место, оставајќи го минатото зад себе во очекување да ја пронајде личната афирмација на професионален и приватен план.
Сепак, судбината не се одвива според неговиот план, таа има свој начин на презентирање нови животни предизвици во вителот на неочекуваните случувања и ситуации, што за Роберт Хил ќе претставуваат своевидно губење на личната слобода и разнишување на сопствената самодоверба.
Тој првпат во животот ќе се судри со притисок наметнат од страна на неговиот работодавец и под силниот удар на мобингот ќе ја бара онаа страна на судбината што ќе може да го изведе надвор од душевните стеги.
Кристина Краличин – „Денот пред да се стемни“
Издавач: ИД-Концепт
Импринт: ИД-Концепт
Жанр: роман; проза
Формат: А5
Број на страници: 336
Повез: мек
ISBN: 978-608-4938-63-7
Година на издавање: 2023

Напишете коментар