
ПРОЗОРЕЦОТ НА ГОСПОДИН ЃУН – Ѓокнил Озќок, илустрации: Џејхун Шен
цена: 500 ден.
Онлајн нарачки:
Господин Ѓун е првиот доселен станар во новата зграда. Деновите му беа исполнети со приказните на чевлите што поминуваа пред неговиот прозорец што гледаше кон камените плочи на тротоарот. Едно утро прозорецот го најде затрупан во снег. Насмевките и топките снег што доаѓаа однадвор, зад прозорецот, пред него отвораа поглед кон еден нов живот. На тоа место каде што се среќаваа снегот и насмевките се појави нешто чудесно. Но, ќе може ли тоа да го види господин Ѓун?
Инспиративна приказна за прифаќањето на животот со храброст и решителност, напишана од Ѓокнил Озќок, позната по биографиите и расказите што ги објавува. Со исклучителните илустрации создадени од Џејхун Шен, ова е книга која ќе остави силни впечатоци кај читателите од секоја возраст.
Возраст: 4+
Ѓокнил Озќок – „Прозорецот на господин Ѓун“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Илустрации: Џејхун Шен
Превод од турски: Васко Марковски
Категорија/жанр: Сликовница
Едиција: Различни и прекрасни
Формат: 195x240mm
Повез: тврд
Број на страници: 44
ИСБН: 978-608-4938-58-3
Година на издавање: 2024

Напишете коментар