Куќа без огледала

КУЌА БЕЗ ОГЛЕДАЛА – Мортен Санден

цена: 400 ден.


Онлајн нарачки:

Куќата на старата тетка на Тумасина, Хенриета, како да е создадена за играње криенка. Полна е со спирални скали, со скриени катчиња и празни простории, но нема ниту едно единствено огледало. Хенриета е стара и болна, па во куќата се собрани сите нејзини роднини кои очекуваат дека ќе се најдат во нејзиниот тестамент. Додека возрасните се препираат околу наследството, Тумасина ги минува деновите со малечката и молчалива Сигне, со немирниот Ерланд и повлечената Вилма. Еден ден Сигне пронаоѓа таинствена осмоаголна просторија преполна со огледала, а во неа – скриен свет. Зошто Хенриета ги тргнала сите огледала од куќата? Како да се објаснат промените кај сите што ќе влезат во скриената просторија? И кое е мистериозното девојче кое е заслужно за тие промени?

Романот „Куќа без огледала“ на Мортен Санден е трогателна приказна за љубовта, болката, растењето и созревањето, проткаена со загадочна атмосфера од која одвреме-навреме ќе ве полазуваат морници. Мрежата од необјаснети, на прв поглед застрашувачки искуства низ кои ќе поминат јунаците на овој роман сосема ќе ги трансформира, а средбата со мистериозното девојче од огледалото ќе ѝ помогне на Тумасина и на нејзиниот татко да се помират со страшната загуба што им ги скршила срцата.


Мортен Санден е роден во 1962 година во Стокхолм. Израснал во градот Лунд, каде што дипломирал психологија. Откако завршил факултет, почнал да пишува текстови за песни на повеќе шведски изведувачи, а потоа и книги за деца. Напишал повеќе од четириесет книги за деца и млади за кои добил многубројни награди, меѓу кои и престижната шведска награда „Астрид Линдгрен“. Се смета за еден од најзначајните современи шведски писатели за деца и млади. Член е на шведското Здружение на писатели на крими-романи и на Здружението на писатели за деца, а од 2018 година е и член на жирито кое ја доделува познатата интернационална награда за книжевност за деца и млади Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (ALMA).


Возраст: 11+


Мортен Санден – „Куќа без огледала“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од шведски: Родна Русковска

Илустрации: Иштван Лакатош

Категорија/жанр: Книга за млади; роман за млади

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 160

ИСБН: 978-608-4938-65-1

Година на издавање: 2024

Напишете коментар