
ДОДЕКА СПИЕШ од Биљана Стојановска
цена: 250 ден.
Онлајн нарачки:
Се разбудив во свет во кој нѐ нема
Близу беше тој летен сон,
речиси го насетив треперењето
на крилјата на птиците пред полетување
Не ги сакам зимите,
тогаш сакаш да спиеш
Залудно ти се провирам под ќебето
Сонот ти е цврст и празен
Светот е потопен во немир
Сивило и бетон
Време е да се љуби без да се сонува
Птиците на гранките
повремено знаат да се размрдаат како од штрек
и да ги растресат крилјата
Ни го сонат сонот
Биљана Стојановска – „Додека спиеш“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Категорија/жанр: Поезија
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 74
ИСБН: 978-608-4938-71-2
Година на издавање: 2024

Напишете коментар