блокови и хартии за мешани техники

Бамбус микс медиа блок, 265 гр., 30×40 см, 25 листа
цена: 1.860 ден.
Бамбус микс медиа блок, 265 гр., 24х32 см, 25 листа
цена: 1.330 ден.
Бамбус микс медиа блок, 265 гр., 8.5х10 см, 10 листа
цена: 170 ден.
Бамбус микс медиа табак, 265 гр., 50х65 см, 1 лист
цена: 150 ден.
Дали сте слушнале за врвната природна хартија на Hahnemühle – Bamboo Mixed Media?
Идеален за сите уметници кои работат во повеќе техники и нивно комбинирање, Hahnemühle Bamboo Mixed Media блокот е прв од традиционалната линија за убави уметности на Hahnemühle направен од бамбусови влакна.
265 грамската хартија има природна бела боја и уникатна површина и структура соодветна за различни суви и водени техники, како акварел, акрил, гваш, пастел, туш, потоа скицирање со јаглен и молив и различни комбинации на техники. Хартијата овозможува совршено разлевање на боите, исклучителен интензитет на боите кај сите техники, високи контрасти и висока сјајност. Поради тоа што користи обновлива трева од бамбус, оваа хартија доаѓа од природни извори и нејзиното производство е еколошко и штедливо. Како и сите хартии на Hahnemühle таа е без киселини и исклучително издржлива и долготрајна.
Карактеристики:
- 265 грамска хартија
- Бамбусови влакна
- Природна бела боја
- Без киселини





Напишете коментар