нотеси за скицирање, пишување и суви техники

Бамбус Скеч / Bamboo Sketch, нотес, 105 гр., А5, 128 страници
цена: 1.030 ден.
Бамбус Скеч / Bamboo Sketch, нотес, 105 гр., А4, 128 страници
цена: 1.700 ден.
Hahnemühle Bamboo Sketch се атрактивни нотеси за скицирање: со тврд повез во жолтеникава боја и листови со природна бела боја во внатрешноста, направени од 100% природни влакна (90% бамбус и 10% памук). Природната бела хартија за скицирање има фина структура која не лизга, па со тоа се идеални за цртање со молив, јаглен и црвена креда. Карактеристиките на оваа хартија придонесуваат за брилијантни бои и чисти контрасти.
Со користење на уникатен брзорастечки бамбус, овие нотеси се произведени со грижа за животната средина и зачувување на природните ресурси.
Карактеристики:
– 105 грамска природна хартија
– 128 страници, 64 листа
– А5 и А4 формат, вертикален
– без киселини
– долготрајни и издржливи




Напишете коментар