тонирани нотеси за скицирање, пишување и суви техники

The Cappuccino Book, 120 гр., А5, 40 листа (80 страници)
цена: 780 ден.
The Cappuccino Book, 120 гр., А4, 40 листа (80 страници)
цена: 1.170 ден.
The Grey Book, 120 гр., А5, 40 листа (80 страници)
цена: 780 ден.
The Grey Book, 120 гр., А4, 40 листа (80 страници)
цена: 1.170 ден.
Сте го пробале ли The Grey Book на Hahnemühle?
Овој тенок и лесен нотес за скицирање со неговите суптилни сиви страници со фина текстура е идеален за работа со секаков тип на моливи, пенкала и акрилни маркери, па дури и лесни акварели. Ако сакате да скицирате со светли нијанси на бои и да ставате бели акценти – The Grey Book е она што го барате. На сивата хартија светлите нијанси стануваат уште повпечатливи и посјајни, а можете да изведувате високи и неверојатни контрасти.
Корицата на нотесот е цврста, со суптилна мека завршница и пријатна на допир, а цврстото шиење овозможува лесно да се отвора и да се работи двострано.
Карактеристики на The Grey Book на Hahnemühle:
– 40 листа / 80 страници
– 120 грамска светлосива хартија совршена за мотиви со висок контраст
– Лесен и практичен за пакување и транспорт
– Хартијата е идеална за работа со сите суви техники – молив, јаглен, бел јаглен, за работа со туш, мастило, фајнлајнери, акрилни маркери, гел пенкала, сите видови мастилни пенкала и пенкала на база на вода со мал степен на триење; погодна е дури и за мрсен пастел или за лесна работа со акварел.
– Без киселини
– Долготраен и отпорен на стареење
– Достапен во А4 и А5 формат
The Cappuccino Book на Hahnemühle е тенок нотес за скицирање, идеален придружник додека сте во движење или на патување.
Со неговата светлокафеава хартија, која потсетува на бојата на кафето, го прави прв избор за цртање и скицирање во топли нијанси на бои – кои на оваа хартија стануваат уште повпечатливи и посјајни. Ставајќи бели акценти, можете да креирате чудесни контрасти. Мазната хартија за скицирање е совршена за работа со секаков тип на моливи, пенкала и акрилни маркери.
Корицата на The Cappuccino Book е тврда и наликува на дрво, а цврстото шиење на нотесот овозможува лесно да се отвора и да се работи преку две страници. Кафеавата лента – обележувач е последниот детаљ во овој премиум нотес.
Карактеристики на The Cappuccino Book на Hahnemühle:
– 40 листа, 80 страници
– 120 грамска светлокафеава хартија
– Лесен за пакување и носење
– Идеален за работа со туш, сите видови пенкала на база на вода и акрилни маркери
– Без киселини
– Отпорен на стареење
– Достапен во А4 и А5 формат





Напишете коментар