Суми-е / Sumi-e

блокови и хартии за туш и водени техники


Суми-е, блок, 80 гр., 24×32 см, 20 листа

цена: 960 ден.

Суми-е, табак, 80 гр., 50×65 см, 1 лист

цена: 100 ден.


Hahnemühle Sumi-e е специјална хартија за јапонско сликање со четка и мастило во слободен стил, наречено Sumi-e. „Суми“ значи „црно мастило“, додека „е“ значи и „патека“ и „сликање“. Стилот на ова сликање со четка (или калиграфска четка) е едновремено едноставно и врвно естетско сликање со моќни, брзи линии. Трпението и внатрешната хармонија се клучни за со четката да се долови есенцијата на субјектот. Според тоа, Sumi-e не е само азиска сликарска техника, туку и форма на духовна релаксација. Sumi-e сликањето настанало во 5 век од кинеската калиграфија, а главните теми се инспирирани од природата. Во 12 век, јапонските Зен калуѓери ја донеле техниката во Јапонија, за денес таа да биде практикувана насекаде.
Hahnemühle Sumi-e е тенка, ладно пресувана 80 грамска хартија со природна бела боја и со висока моќ за апсорбција. Освен со мастило, на неа можете да сликате и со акварел и гваш, или да правите комбинации. Можностите се неограничени: истражувајте, експериментирајте, а не заборавајте дека со Sumi-e можете и да се релаксирате по напорниот ден.

Rating: 5 out of 5.

Напишете коментар