Букмарк акварел блок / Watercolour Bookmark Pad

блокови и хартии за водени техники


Букмарк акварел блок / Watercolour Bookmark Pad – Експрешн хартија од 100% памук, 300 гр., 5,5×20 см, 15 листа

цена: 530 ден.



Препуштете ѝ се на креативноста со Watercolour Bookmark Pad by Hahnemühle. Овие уникатни обележувачи на страници се совршени за книгољупците што сакаат да бидат креативни и да креираат персонализирани нешта за себе или како подарок за своите блиски.
Но, креативноста не запира кај обележувачите, затоа што можете да ги користите и за други нешта – како картички за подарок (насликани или калиграфски испишани) или за многу други нешта – сѐ што ќе замислите – оставете да ве води имагинацијата.
Watercolour Bookmark Pad содржи 15 обележувачи со формат 5,5 х 20 см, кои се веќе исечени и спремни за цртање или сликање. Хартијата е веќе докажаната и популарна Hahnemühle Expression – 300 грамска, ладно пресувана хартија направена од 100% памук. Оваа тешка, мазна хартија има силна моќ на впивање и може да држи повеќе слоеви акварелна боја. Соодветна е за акварел, гваш, акрил, сликање со фајнлајнери, или како основа за колаж. Одберете го Watercolour Bookmark Pad и почнете да креирате сопствени обележувачи за страници.

Карактеристики:

  • 300 грамска хартија, 100% памук
  • Без киселини

Rating: 5 out of 5.

Напишете коментар