блокови и хартии за водени техники

Округла акварел хартија / Round Watercolour Paper – Експрешн хартија од 100% памук, 300 гр., 13 сантиметри во дијаметар, 30 листа
цена: 880 ден.
Честитки и картички со уникатна форма, мини-слики со живописни цветови, прекрасни пејзажи, далечни галаксии – сите овие мотиви можете да ги насликате на Hahnemühle Round Watercolour Paper. Кружната акварел хартија ги предизвикува уметниците да излезат од нивната комфорна зона и да размислуваат пошироко и пофлексибилно. Атрактивната метална кутија содржи 30 кружни акварел листови – на врвната Expression watercolour од 100% памук, 300 грама, 13 сантиметри во дијаметар. Хартијата е соодветна не само за акварел, туку и за акрил и гваш како и комбинација на водени техники. Боите на оваа хартија особено се истакнуваат и изгледаат навистина уникатно. Како и преостанатите Hahnemühle хартии, кружната акварел хартија е веганска, без киселини и долготрајна.
Карактеристики:
- 300 грамска хартија, 100% памук
- Без киселини




Напишете коментар