Hahnemühle Skizze 96 + сет моливи ГРАТИС

блокови и хартии за скицирање и суви техники


Skizze 96 сет со 2 блока за скицирање и 6 уметнички моливи, 96 грама, секој блок има 100 листа, А4 формат

цена: 1.450 ден.

Skizze 96 сет со еден блок за скицирање и 6 уметнички моливи, 96 грама, 100 листа, А3 формат

цена: 1.450 ден.



Скицирајте и цртајте со стил со најпродаваната хартија за скицирање – Hahnemühle Skizze 96!
96 грамската хартија во овој блок е совршена за работа со молив, јаглен, црвена креда, восочни бои па дури и пастел. Уметниците ја сакаат оваа хартија поради нејзината волуменозност, што ја прави и помека од другите хартии. Skizze 96 има екстремно фина текстура и гарантира одлично и брзо задржување на боите. Белата хартија е направена од 100% дрвна маса, без киселини е и отпорна на стареење, па со самото тоа е идеален медиум за вашите скици или цртежи. Еден Skizze 96 блок има сто листа, залепени во горниот дел. Специјалните изданија на Skizze 96 се достапни како два блока во А4 димензија или еден во А3 димензија, заедно со ГРАТИС Hahnemühle кутија со шест различни моливи (H, B, 2B, 4B, 6B, 8B).

Rating: 5 out of 5.

Напишете коментар