Hahnemühle Watercolor Postcards

разгледници за сликање со водени техники


Груба 230 грамска акварелна хартија, 10,5 х 14,8 см, 30 листа, метална кутија

цена: 860 ден.

Ладно пресувана 230 грамска акварелна хартија, 10,5 х 14,8 см, 30 листа, метална кутија

цена: 860 ден.



Hahnemühle Watercolor Postcards – разгледници за сликање со водени техники во метална кутија (достапни во груба/rough варијанта или ладно пресувани/ cold pressed).
Креирајте сопствени разгледници, честитки, картички и подарете им на најблиските уникатни уметнички дела што траат – со Hahnemühle watercolour postcards. Идеални за уметниците што работат во акварел или други водени техники, но и за оние кои работат со молив или пенкало, разгледниците доаѓаат во стилски дизајнирана метална кутија – сет од 30 парчиња 230 грамска врвна акварелна хартија со галериски квалитет. Достапни се во две варијанти – со груба и со ладно пресувана структура. Фината структура на хартијата и нејзината природна бела боја овозможуваат боите да дојдат до израз – па затоа е соодветна и за суви, како и за водени техники.
Секоја разгледница има заоблени рабови, како и испечатен заден дел со поле за адреса и за пишување на вашите честитки, поздрави, и слично. Одлични како новогодишни картички, разгледници од вашите патувања, покани и честитки за секоја пригода… неограничени можности, лесни и практични за носење.

Rating: 5 out of 5.

Напишете коментар