блокови и хартии за скицирање и суви техники

Hand Lettering Block, 170 грама, 25 страници, А4
цена: 450 ден.
Hand Lettering Block, 170 грама, 25 страници, А5
цена: 230 ден.
Кога буквите стануваат уметност…
Hahnemühle Hand Lettering Block e одлична можност љубителите на калиграфијата да ја практикуваат својата уметност. Развиен заедно со уметници кои се занимаваат со калиграфија, овој блок е прилагоден на нивните специфични потреби, создавајќи совршена основа за извонредни букви.
Браш-пеновите, фајнлајнерите, маркерите, фломастерите и моливите лесно лизгаат по сосема мазната хартија. Привремените скици лесно се бришат од обложената површина, а линиите направени со браш-пен, фајнлајнер или маркер се зачувуваат. Мазната, затворена површина ги задржува боите и спречува нивно разлевање.
Сјајно-белата 170 грамска хартија осигурува живописни бои; и монохромните и повеќебојните мотиви се истакнуваат и лесно можат да се скенираат и понатаму дигитално да се обработуваат. Хартијата нуди совршена апсорпција и сушење за браш-пеновите, фајнлајнерите и фломастерите.



Напишете коментар