
СКОКОТЛИВАТА КУЌА – Рудина Чупи (илустрации на Ирељ Чупи)
цена: 300 ден.
Онлајн нарачки:
Дали знаеш, дете, што излегува од јајцата од молив, стоплени во едно гнездо-чкртка? Излегува приказна. Приказна за една куќа со виткани линии, нацртана од едно дете што силно го стискаше моливот. Оваа куќичка со име Скокотливка живее во земјата на детските цртежи што се вика Точкалинија.
Толку е налутена од исмејувањето на другите куќички, што тргнува со брод кон Северниот Пол, за да смрзне и да се чувствува силна како сите други куќи. И како што се знае, секоја пречка е авантура… од која извлекуваме поука која никогаш нема да ја заборавиме.
Возраст: 4+
Рудина Чупи – „Скокотливата куќа“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Илустрации: Ирељ Чупи
Превод од албански јазик: Јордана Шемко-Георгиевска
Категорија/жанр: сликовница
Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)
Формат: 200×200 мм
Повез: мек
Број на страници: 36
ИСБН: 978-608-4938-79-8
Година на издавање: 2024

Напишете коментар