ПЛАНЕТА НАДЕЖ (Нова европска проза) – проект за превод и циркулација на книжевни дела на издавачката куќа ИД-Концепт (Чудна шума).

„ПЛАНЕТА НАДЕЖ (Нова европска проза)“ е проект за превод и циркулација на книжевни дела, започнат во октомври 2023 година. Проектот промовира транснационално преведување и циркулација на квалитетни и наградувани европски прозни книжевни дела за три читателски публики (деца, млади и возрасни читатели), главно од помали и помалку застапени јазици.
ПЛАНЕТА НАДЕЖ се фокусира на релевантни и горливи прашања и теми кои го засегаат целото општество, а особено кога се насочени кон оние кои ја претставуваат неговата иднина – младата популација.
Проектот вклучува 5 партнери – издавачи од 4 европски земји: Македонија („ИД-Концепт“ (дел од Издавачката групација „Чудна шума“ и издавачката куќа „Гаврош“), Германија („Мителдојчер ферлаг“ – Mitteldeutscher Verlag), Хрватска („Ибис графика“ – Ibis grafika) и Словенија („КУД Содобност“ – KUD Sodobnost).
Проектот подразбира превод, циркулација и дисеминација на 16 книги, поделени по:
1. возрасни групи: деца, млади и возрасни
2. релевантни и горливи теми:
а. човекови права, родова еднаквост, феминизам, слобода,
б. инклузија и прифаќање на различностите, и
в. свесност за климатските промени и грижа за животната средина.
Книгите се преведуваат од 10 различни јазици: македонски, хрватски, словенечки, хрватски, бугарски, германски, албански, украински, турски и холандски, на 4 јазици на партнерите од проектот: македонски, хрватски, словенечки и германски.
Преводите на книгите се дело на 10 врвни, наградувани преведувачи.
Досега преведени дела:





Проектот е ко-финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и делумно поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Напишете коментар