
СОНИШТАТА НА КАМЕЛЕОНОТ – Јурга Виле, Лина Саснаускаите
цена: 700 ден.
Онлајн нарачки:
Камелеонот Леон си живее мирен живот на една дива плажа. Но еден ден, четири големи суштества доаѓаат, го земаат и го ставаат во терариум во еден задушлив стан, далеку од неговиот дом.
Новото место воопшто не личи на дом и не е пријатно. Затоа, Леон ја губи способноста да ја менува бојата на кожата и сѐ што гледа околу себе има само црно-бели нијанси.
Но, и покрај мрачните денови, ноќе соништата на Леон имаат живи бои и го потсетуваат на убавината на природата и на неговиот вистински дом на плажата.
Возраст: 4+
Јурга Виле – „Соништата на камелеонот“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Превод од англиски: Билјана Црвенковска
Илустрации: Лина Саснаускаите
Категорија/жанр: сликовница
Едиција: Од шумите на Европа
Формат: 245х285
Повез: тврд
Број на страници: 48
ИСБН: 978-608-4938-87-3
Година на издавање: 2025

Напишете коментар