Кики, ние те сакаме!

КИКИ, НИЕ ТЕ САКАМЕ – Мелита Рундек, илустрации: Ванда Чижмек

цена: 600 ден.


Онлајн нарачки:


Сите деца, но и возрасните, сакаат да решаваат загатки!
Откријте која или што е Кики и зошто се крие зад грмушките!
Зошто не можеме да ја видиме веднаш? Зошто ги гледаме само грмушките зад кои се крие?
Зошто е тажна и какви проблеми ја мачат?
Дали се вистински и сериозни како што ѝ изгледаат?
Не смееме сѐ да ви раскажеме веднаш и да ви ги дадеме сите одговори – оваа приказна носи некои мудри поуки и размислувања. За тоа како не треба да се исмеваат оние што се различни од нас. За тоа како секој има некои свои особености и проблеми, но, на крајот – љубовта и разбирањето ги решаваат сите заплеткани работи и сите тешкотии.
Како што ќе видите, Кики е една извонредна и посебна Кики, која заслужува читање, разбирање и сета љубов на светот.


Возраст: 4+


Мелита Рундек – „Кики, ние те сакаме!“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Илустрации: Ванда Чижмек

Превод од хрватски јазик: Катица Гароска Ацевска

Категорија/жанр: Сликовница

Едиција: Повеќе од приказна

Формат: 200x250mm

Повез: тврд

Број на страници: 44

ИСБН: 978-608-4938-84-2

Година на издавање: 2025

Напишете коментар