Теа. Дневник

ТЕА. ДНЕВНИК. – Криста Унцнер

цена: 600 ден.


Онлајн нарачки:

Во велепоседничката куќа во Протцен, североисточно од Берлин, е сместена 18-годишната Теа до крајот на април 1945 година. Додека американските и англиските бомбаши грмат над куќата во насока на Берлин, таа пишува дневник. Со страв помислува на својата родна куќа во Шенајхе, чита љубовни романи и го добива својот прв вистински бакнеж. Оди во кино, дрдори предрасуди за подоцнежните победнички сили и го гледа страдањето на бегалците – на кои ќе им припаѓа и таа од мај. Сега се преклопуваат настаните: Хитлер е мртов, руската армија навлегува, Германија капитулира. На постојано различни места Теа ја набљудува својата околина со будно око.

Во дневникот се опишани нејзините стравови, нејзиниот сѐ поголем сомнеж во пропагандата, драматичните настани од возењето со запрежната кола, нејзиното враќање во Берлин, пеш низ разорениот град, но и нејзините соништа со кои може на моменти да ѝ побегне на навидум безнадежната реалност, ги споделува во својот дневник. Нејзините записи од една страна се сведоштва за девојчинската наивност и копнеж, но таа раскажува и со новинарска прецизност непосредно од случувањата.

По смртта на Теа, седумдесет години подоцна Криста го добива дневникот на мајка си. Веднаш ја привлекува директноста, што се колеба меѓу детска наивност и дистанцирана јасност. Почнува да се занимава со текстот и притоа исцртува уште едно ниво. И одеднаш настанува разговор, настанува уметност, настанува дело.


Возраст: 16+


Криста Унцнер – „Теа. Дневник“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од германски: Ксенија Чочкова

Категорија/жанр: Книга за млади; графички роман за млади

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Формат: Б5

Повез: мек

Број на страници: 88

ИСБН: 978-608-4938-92-7

Година на издавање: 2025

Напишете коментар