
АЗБУКА НА ЧУВСТВАТА – Мадалена Мониз
цена: 700 ден.
Онлајн нарачки:
Една од најпознатите книги за азбука во светот, преведена на повеќе од 20 јазици – „Азбука на чувствата: денес се чувствувам…“ на португалската авторка и уметница Мадалена Мониз – сега и на македонски јазик, во превод и адаптација на Билјана Црвенковска.
А за авантуристички, К за колебливо, Љ за љубопитно, О за осамено, С за слободно… – секоја буква е опишана со силна, уникатна визуелна метафора. Растењето е една авантура на чувствата, патување во кое се откриваме себеси, другите и светот околу нас.
Сликовницата е преведена на германски, шпански, француски, италијански, англиски и многу други јазици, а наградена е и со престижната награда Opera Prima – Special Mention BolognaRagazzi Award.
За љубителите на сликовници што се повеќе од само сликовници – туку и вистински уметнички дела – рачно насликанa со мастило и акварел.
На крајот, секој од нас може да се запраша: како се чувствувам денес?
Возраст: 4+
Мадалена Мониз – „Азбука на чувствата“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Илустрации: Мадалена Мониз
Превод и адаптација од португалски јазик: Билјана С. Црвенковска
Категорија/жанр: Сликовница
Едиција: Од шумите на Европа
Формат: 270x210mm
Повез: тврд
Број на страници: 76
ИСБН: 978-608-4938-98-9
Година на издавање: 2025

Напишете коментар