Погледни низ прозорецот

ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ – Евалд Флисар

цена: 400 ден.


Онлајн нарачки:


Погледни низ прозорецот. Го гледаш непознатиот човек како се потпира на дрвото и гледа кон вашата куќа? Во недела луѓето обично на гости доаѓаат околу пладне, никогаш не толку рано. Мама и тато сè уште спијат. Те обзема страв.
Не насетуваш дека непознатиот ќе ти го преврти животот наопаку. Не можеш ни да претставиш дека ќе го изгубиш најдобриот пријател и дека судбината набргу ќе ти донесе нов пријател. И дека со него ќе појдеш на долго, опасно патување.
Ќе најдеш ли во себе место за неговиот слон? Ќе најде ли тој во себе место за твоето прасе? Ќе склучат ли твојот бог и неговиот бог примирје? Како ќе се расплете играта на судбината од која не можеш да избегаш?
Толку многу неизвесности! Толку многу прашања!
Одговорите се овде. Во книгава. Отвори ја и почни да читаш.


Евалд Флисар – „Погледни низ прозорецот“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од словенечки јазик: Дарко Спасов

Категорија/жанр: роман; роман за млади

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 228

ИСБН: 978-608-4938-95-8

Година на издавање: 2025

Напишете коментар