Skip to product information
1 of 1
Ива Безиновиќ–Хејдон

КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН

КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН

SKU:Шифра: 30122

Book cover
Regular price 400 ден.
Regular price 600 ден. Sale price 400 ден.
-33% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН

Книги за деца, сликовници, 7+ години

Во топлата приказна „Каде се крие Ведран“ авторката Ива Безиновиќ-Хејдон ја отвора темата за која е напати тешко да се разговара, а тоа е загубата на некоја блиска личност и продолжувањето на животот по соочувањето со таквиот настан. Приказната им е наменета на децата и е напишана на јазик разбирлив за нив, а носи топла поука за начинот на кој можеме за навек да ги задржиме саканите личности во нашите срца.

Каде се крие Ведран?

И кога се чини дека никаде го нема, тој е насекаде и во сѐ околу нас. Не мора да го видиме, може да го сетиме. Можеби е во дождот, можеби е во музиката, можеби плови по морето со наши блиски луѓе кои веќе не се тука, но нив за навек ги носиме во себе.

За авторката:

Ива Безиновиќ-Хејдон (Риека, 1981) дипломирала хрватски јазик и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Живеела во САД, Унгарија и Германија, а моментно со сопругот и нејзините три деца живее во Загреб. Работела како преведувачка, учителка, лекторка, а најмногу време посветила на својата школа по хрватски јазик за странци. Нејзините кратки приказни и песни на хрватски и на англиски јазик можат да се најдат во антологии на кратки раскази и на интернет-портали. Досега има објавено четири сликовници. Повеќе нејзини приказни биле финалисти во различни книжевни натпревари, а освоила и неколку награди.

За илустраторката:

Хана Тинтор е илустраторка и аниматорка од Загреб. Дипломирала на студиите по дизајн – насока за визуелни комуникации, а потоа и магистрирала илустрација на Школата за уметности во Кембриџ, Велика Британија. Нејзината работа опфаќа илустрации за списанија, мурали, музички спотови, авторски филмови, стрипови и, секако, сликовници. Во 2023 година ја добива наградата „Григор Витез“ за сликовницата „Каде се крие Ведран?“ (Ива Безиновиќ- Хејдон). Освен во цртањето, Хана ужива во пливањето, слушањето аудиокниги и во дружењето со својата териерка Лола.

За преведувачката:

 Калиопа Петрушевска е родена во Скопје, во 1949 година. Дипломирала на студиите по романска филологија (француски и италијански јазик) на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски испити од книжевно-историската насока полагала на Филолошкиот факултет во Белград. Од 1973 до денес активно се занимава со превод на прозни и на драмски текстови – некои играни на театарските штици во Македонија, некои објавени од македонски издавачки куќи – најчесто од француски јазик. Мајка е на две возрасни ќерки и помајка на три кучиња од женски род. Ужива во секој преведувачки предизвик, особено кога станува збор за дијалози и игри на зборови.

Возраст: 7+ години

Автор: Ива Безиновиќ–Хејдон

Илустрации: Хана Тинтор

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од хрватски јазик: Калиопа Петрушевска

Категорија/жанр: сликовница, книга за деца

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Формат: 200 х 250 mm

Повез: тврд

Број на страници: 40

ИСБН: 978-608-4938-77-4

Година на издавање: 2024

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details