БЕЗЗБОРОВНАТА ЕЛА – Викторија Патрашку и Кристијана Раду

Превод: Лидија Димковска

НАСКОРО!

Приказна за лековитата и разорната моќ на зборовите, како и за леснотијата со која им ставаме етикети на луѓето околу нас.

Ела е мало девојче кое не зборува, но ги штити и ги чува зборовите како богатство, длабоко скриени во своето срце. Ела не зборува, но таа има прекрасни пријатели во нејзиниот богат имагинарен свет, како мачката без едно уво, чија опашка е едно рипче, едно глувче и еден тивок сив слон… Но, какво чудо ќе се случи кога момчето со црвено капче ќе стане дел од нејзиниот свет?

Книгата е дел од каталогот „The White Ravens“ на 200 најдобри книги за деца и млади за 2016 година.

Возраст: 5+


Викторија Патрашку – „Беззборовната Ела“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Илустрации: Кристијана Раду

Превод од романски јазик: Лидија Димковска

Категорија/жанр: Сликовница

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Број на страници: 32

ИСБН: 978-608-4673-15-6