
ДА СЕ БИДЕ ЈАС – Ана Хоглунд
Превод: Родна Русковска
Нарација: Марија Каева
НАСКОРО!
Општеството има големи очекувања од девојчињата. Притисокот е неиздржлив. Зошто е толку тешко да се биде јас? Што точно значи да се биде девојка, да се биде жена? Можам ли да бидам тоа што сум или сум само производ на сето она што се очекува од мене? Морам ли да ги почитувам наметнатите правила и да бидам „девојка за пример“?
Нежна и полна со љубопитство, оваа илустрирана книга за млади во која тринаесетгодишната Роса го преиспитува своето место во светот, на паметен начин ги обработува темите за промените во тинејџерството, промените во емоциите, промените на телото, а одговара и на прашањата за сексуалноста и за наметнатите очекувања од околината.
Возраст: 14+
Ана Хоглунд – „Да се биде јас“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Превод од шведски: Родна Русковска
Илустрации: Ана Хоглунд
Нарација: Марија Каева
Категорија/жанр: Книга за млади; монолози; приказни
Едиција: YES (Млади европски приказни)
ИСБН: 978-608-4673-28-6
