
ДЕНОВИ НА БЛУГРАС-ЉУБОВ – Едвард ван де Вендел
Превод: Ели Пујовска
Нарација: Марија Каева
НАСКОРО!
Нежна, интензивна и незаборавна приказна за првата љубов.
Тихо Зелинг живее обичен живот, без грижи и тешкотии, без возбуди и авантури. Сѐ во него − школото, другарите, девојките, плановите за иднината − едноставно… се случува. Како филм кој го пушта да тече, но не го режира.
Затоа и решава да промени нешто. Лета за Америка за да го помине летото како помлад асистент во меѓународен летен камп за деца. Таму го сретнува Оливер, уште еден асистент од Норвешка.
И тогаш Тихо ќе почувствува како животот да му запрел и како одново да почнува, овој пат онаков каков што тој би сакал да биде.
„Денови на Блуграс-љубов“ е првпат издадена во Холандија во 1999 година и оттогаш доживува преводи на многу јазици и ревидирано издание. Како роман за млади кој веќе се смета за европски класик, но истовремено револуционерен − поместувајќи ги границите и рушејќи ги табуата − сега првпат е достапен и за македонската читателска публика.
Возраст: 17+
Едвард ван де Вендел – „Денови на Блуграс-љубов“
Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)
Импринт: Чудна шума
Превод од холандски: Ели Пујовска
Нарација: Марија Каева
Илустрација на корица: Хари Дудески
Категорија/жанр: Книга за млади; роман за млади
Едиција: YES (Млади европски приказни)
ИСБН: 978-608-4673-25-5
